Велешанец и двајца малолетници оштетиле шест возила во Велес

Тројца млади сторители, меѓу кои еден полнолетен велешанец Л.Н.(18) и двајца малолетници, од кои едниот од село Глишиќ, кавадаречко, а другиот од Свети Николе, се приведени од страна на полицијата под сомнение дека во текот на ноќтана 18 мај, оштетиле шест патнички возила во Велес.
Според информациите на полицијата, оштетени се патничко возило „мерцедес“ во сопственост на А.П. (50), „ауди“ на Т.Ј. (40), „тојота“ на Р.Ј. (51), „форд“ на Ј.С. (43), „сеат“ на П.Д. (51), како и уште еден „форд“ во сопственост на И.Т. (37) сите од Велес.
Полициските службеници сторителите ги лишеле од слобода во 04:30 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес.
По настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк
