Велешанец и се заканувал на сопругата, во Неготино регистрирана групна тепачка и физички напад
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 11:20 часот го лишиле од слобода Д.К.(46) од Велес, затоа што според пријава во семејниот дом по вербална расправија и упатил закани на неговата 45-годишна сопруга и на нивните деца. Тој бил приведен во Полициска станица Велес и известен бил Јавен обвинител.
Вчера вечер, во 20:45 часот полициски службеници од ОВР Неготино постапиле по претходна пријава за нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(24) и А.Г.(37) од село Криволак, неготинско, пред објект во селото.
Рано утрово, во 01: 30 часот во Полициска станица Неготино, П.Р.(18) од Неготино пријавил дека во дворот од неговиот дом бил физички нападнат од Б.Т. од село Тимјаник, неготинско.
-Полициските службеници, по документирање на првиот и вториот како и по преземени мерки за расчистување на третиот настан, ќе поднесат соодветни пријави, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Дума.мк