Велешанецот „Бате Риле“ – последиот од „Големото друштво“

Објавено на 10 јули, 2021 во 15:42
Ристо Давчев со сопругата и сопругите на другарите од „Големото друштво“

Велат дека луѓето ја создаваат и ја пишуваат. Овој пат ке проговорам за човекот кој целиот свој живот го обединувал своето друштво, другари, поточно над шеесет години.Тој за себе велеше:

„Осаменоста е тешка, особено кога има луѓе околу Вас. Велешанец сум веќе осумдесет и кусур години. Не паметам и не сум сакал друг град или место, повеќе од родниот Велес. Роден сум и целиот свој живот го поминав тука, во маалото до Црна џамија, на левата страна на Вардар, или бугарската, како ја викаат велешани. Сиромаштија. Мајка ми, столб на семејството, се` се вртеше околу неа. Беше храбра и цврста жена, борец. Од мал бев по сокаците, се борев со студот, немаштијата, такво време беше. Најубавиот дел од мојот живот беше мојата младост. И другарите.

Сега сум веќе на залезот на животот, сакал или не сакал го премотувам филмот наречен: Mојот живот. Секој во себе има снимено по еден таков филм и си го премотува целиот свој живот. Разликата е во тоа што порано сликите беа покретни, се движеа. Сега, како стареам, сликите стануваат статични и бледнеат.

 Започнав да зборувам за младоста. Jа проживеав опкружен со многу другари. Верни другари , за цел живот. Бевме собрани од цел Велес, од Црна џамија, од Којник, од Солено чешмиче, од Прцорек, од Дворови, од Бузаана.

 Ристо, Боро, Алче, Мето, Богде, Вуле, Трајче, Ацо, Атанас, Димо и Богде. Овие бевме постојано заедно, а други повремено идеа и си одеа. Сите бевме еднакви. Еднакво богати и сиромашни, ама духот и идеалите ни беа заеднички. И сите, некако, успеавме во животот. Помалку или повеќе станавме домаќини, со фамилии. И пак се дружевме.

 Ги паметам сите настани кои заедно ги поминавме  и доживеавме. Имаше убави, но и тажни моменти. Ама, полесно е кога имаш на кого да се потпреш.  Живеевме еден за друг. Додуша, имаше кавги и закачки, ама се` се решаваше  другарски.

Песната, песната не држеше! Кога ќе се соберевме, како млади, ама  и  кога остаревме, редовно ќе запеевме. Песната не соединуваше. Не потсетуваше не само на младоста, туку и на сите случувања кои ги поминавме заедно.

 Како млади пеевме народни песни, но и модерни  шлагери кои се вртеа по радио станиците во тогашна Југославија. Подоцна, како стареевме, пеевме стари, изворни, македонски песни. Ги сакавме посебно старите велешки песни и чалгијата.      Понекогаш одевме и на серенада, на роденден или именден. Чашка ракија, слатко и вода. И секогаш завршувавме со песна. Сите свршувачки и свадби со чалгија ги теравме.

  Да Ви раскажам за една случка во 1956 година. Тогаш во Градскиот парк реката Вардар беше одвоила дел од брегот и направи ада. До таму се стигнуваше преку дрвени мовчиња, на кои многу сакавме да се фотографираме. На Адата имаше еден објект, „плочата“ го викавме, каде имаше маси, столчиња и простор за игранки. Имаше , секако, велешка скара, а свиреше и маестро Иван Танго со својот џез оркестар.

Преку летото, во петок и сабота, таму редовно одевме на игранки. Убави сенки, ветрето покрај Вардар, свежината, дрвјата. Убаво беше навечер. Секој пат по еден од нас добиваше задача да отиде порано и зафати маса, бидејќи навечер беше голем  метеж. И се седеше „ до фајронт“. До единаесет часот. Потоа полека се разидувавме.  

„Големото друштво“ на Ристо Давчев

Е, па за оваа „плоча “ е врзан еден убав настан, кој потоа многу години го прераскажувавме. Токму во таа , 1956 година , се одржа  таму еден натпревар „ Покажи што знаеш “ или „ Најдобар глас “, не се сеќавам како точно се викаше, но секој можеше да се пријави и да запее. И го натеравме нашиот Боро да се пријави. Тој убаво ја пееше „ Лаку ноќ “, песна  во тоа време хит низ Југославија. А ние четворица, во позадина, како тажни мачори, мрморевме и го дополнувавме. И, ја освоивме првата награда !

 Тоа  ми е најдрагиот спомен од младоста затоа што сите како еден се радувавме на наградата „100  велешки ќебапчиња на нашата маса“. Сите ни завидуваа тогаш и на скарата, ама и на другарството..

 Ниту првите девојки, ниту свршениците, а подоцна и сопругите, не успеаа да не разединат. Женскиот дел се претопи во големото друштво и воопшто не им пречеше да се дружат со нас, но и меѓусебно. Лепа, Нада, Бојка, Аница на Мето, Аница на Богде, Лилјана и Галаба.

Иако бевме многу различни по социјална основа работници, студенти, мајстори, службеници, еден директор и еден градоначалник. Различности кои се вклопуваа во една целина која ја нарекувавме „нашето друштво“. Зборот „другар“ имаше посебна тежина, посебна магија и беше волшебниот збор кој ги отвораше вратите. И нашите срца во исто време.

 Навистина,бевме различити и посебни. Секој приказна за себе, ама се вклопувавме во целина и  сите дишевме заедно, како еден.

 Вуле, например, беше низок, ама многу весел човек, вицкаст и забавен. Тој ги започнуваше песните и ги тераше до крај. Беше голем – мал човек, со големо срце. Алчето беше педантен, исполнителен, „катица“ за се`. Тој беше најдобар организатор, шегобиец и шахист.

Повеќемина игравме шах и се собиравме доста често во домот  на еден од другарите за да играме шах. Започнуваше еден пар, а потоа кој губеше стануваше за да седне следниот на негово место. Честопати ќе се занесевме и скоро ќе заборавиме на времето. Се сеќавам еднаш дека во занесот на играта , пепелта од  цигарата сум започнал да ја тресам во чиничето со кикиритки. Кога се свестив , кикиритките беа полни со пепел од цигара. За црн срам.  Дури кога ќе започнеа жените да не бараат од дома по телефон, партијата ќе  се растуреше. Понекогаш и на ручек останувавме, знаевме и мезе и ракија да си побараме, по неколку кафиња, а неретко и торта добивавме.

 Мето отиде службено и си остана во Скопје. Беше функционер, ама од Велес не се откажа. Секогаш кога го баравме и каневме доаѓаше со нас, се дружеше. Цигарата не ја оставаше, постојано пушеше. Беше шегобиец, отворен и верен другар.

Богде беше многу „ѓениш“ човек. Стар мајстор, сталожен, тивок и исполнителен.  Ацо и Трајче ми беа соседи. Од мали бевме заедно, маалски другари што се вели. Димо отиде во Скопје и повремено го гледавме, само за свадби или повремени собиранки.

 Не паметам колку многу Нови Години, родендени , имендени, свршувачки и свадби истеравме заедно. Секојдневно се викавме преку телефон, се баравме, се договаравме.Тоа беше најубавиот дел за дружење.

„Големото друштво“ на Ристо Давчев

 За  празникот Први мај бевме редовни посетители на брегот на река Бабуна. Одевме пешки, потоа со велосипеди и на крај со автомобили. И да врне и да пече сонце, ние бевме на Бабуна. Заедничка скара, пиво , ракија, мезе и песна. Семејствата редовно беа со нас. И децата ни се зближија, играа, другаруваа. Знаевме со саати да седиме и да пееме.

 Во зимскиот период постоеше традиција во Велес и постојано се каневме на пити. Пити пастрмајлии, велешки, со вино и песна. Ќе се договоревме кај кого ќе се собираме, па еден од нас ќе отидеше да чека ред за пити во „Жито Вардар“ рано наутро, а потоа ги  јадеме заедно. Обично во сабота се собиравме. Доаѓаа и нашите другари од Скопје, а многу често порачуваа пастрмајлии и за дома. Најмалку еднаш месечно се собиравме, се дружевме и пеевме. Тивко, полека, наздравувавме и за живите и за мртвите.

 Најубаво беше што кога пораснаа нашите деца , им ја всадивме љубовта за дружење и никој од нив не се бунтуваше. Напротив , сакаа да се дружат со нас . И гледам, се почитуваат до ден денес. Тоа е богатство, тоа ме радува и ме крепи.

 Моите деца и сега прашуваат како се другите , иако долго време не се виделе, а јас  им кажувам по нешто што го знам како дека се добро, дека ме среќаваат и поздравуваат . Сум се сретнал на пазар со Марјанчо, со Љупчо во Епархија, дека Максим живее во Отовица. Се` им кажувам. И се гордеам што ниту еден од нив не ме заборави.

Минуваа години. Најтешко ми беше кога другарите ми починуваа и ме оставаа без нив. Прв Атанас, уште млад, па Вуле, потоа Алчето, по него Боро, па Мето, па Богде и на крај Ацо. По секоја загуба на некој од другарите  се откинуваше нешто од нас. И понатаму пеевме, ама песните беа се` потажни и пократки. Кога ќе се соберевме, прво наздравувавме за оние кои ги немаше, за оние кои не` сакаа, ама не` оставија, за ние да ја продолжиме песната и дружењето.

 И сега, останав последниот. Последниот од тоа големо друштво. Секогаш очите ми се насолзуваат кога ќе си споменам за сите нив. Изгледа јас сум бил столбот околу кој се вртело другарството. Не ги заборавив никогаш.

 За Нова Година, но и за 8-ми Март, редовно им се јавувам на моите другарки , на жените  на моите другари кои останаа со мене да ги споделуваат сеќавањата за нив, за сите наши радосни, тажни, убави моменти. Обично им го честитам празникот, а во мене се редат солзите. Не плачам, но душава ми знае. Тешко е тоа.

 Имам уште една желба. И мислам дека младиве ќе ми ја исполнат. Сакам да ги соберам повторно сите деца на моите другари. Сите мои деца . Сакам да ги видам повторно собрани на маса и насмеани. Да запеат заедно со мене некоја песна, нешто близу до душата. Тоа мора да биде велешка песна, што сите ја знаеме, што сите ја пееме.

И ќе живеам со тоа. Сакам и тие да продолжат да се дружат, да се почитуваат, да си помагаат, како што велиме „да се имаат “.  

Кога ќе ги видам заедно, ќе се подсетам со тага на нивните татковци, на оние кои ми го исполнија животот со убавина, со гордост. Ќе се подсетам на песните кои ги пеевме, ќе им раскажам по некоја шега, анегдота, за нивните татковци, за нашата младост.                

Како газда Митке во „Коштана“ и јас ќе жалам за младоста, за вистинското другарство, за почитувањето и верноста. За универзални човечки доблести кои сите ние ги имавме во друштвото. Затоа повеќе од педесет години другарувавме заедно.

И ќе наздравам со чашка ракија или вино, за се` што било, минало, за се` што доаѓа и ќе биде. Сакам со песна да ги гледам последните, избледнетите слики на своите другари. Онака, по ред, како доаѓаат и си одат. Сакам нивните ликови повторно да оживеат. И сликите да оживеат. Барем за момент, да ги оживеам и да бидам во друштво со нив.

Можеби барам премногу, но тие луѓе тоа го заслужуваат; заслужуваат барем уште еден момент да оживеат. Ќе им оставам аманет на децата да не не` заборават,  никогаш. Зошто, осаменоста е тешка, особено кога има луѓе околу Вас, “ запишав на последната средба со Бате Риле.

И тој, Ристо Давчев познат меѓу велешани како  „Бате Риле“, последниот од големото друштво, неодамна му се предаде на Бога.  Дали  неговото големо друштво го пречека таму горе, не знам. Но ова негово искажување остана.

Вашиот хроничар

Љупчо Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
8xbet
xổ số mega ngày mùng 9 tháng 7
trang cá cược bóng đá uy tín nhất hiện nay
khuyến mãi 8xbet
những ngã rẽ cuộc đời thuyết minh
lich thi dau mi
kết quả xổ số vietlott mega ngày hôm nay
kết quả bóng đá russia 2nd division
kết quả bóng đá giao hữu u23 trung quốc
xem trực tuyến vtv3
đền thờ vua thủy tề
socolive tv trực tiếp bóng đá
lịch thi đấu giải hạng nhất quốc gia nam 2024
bóng đá soi kèo nhà cái
động cơ xăng có tỷ số nén từ
quy định tỷ lệ thương tật
lich thi dau bong da.hom.nay
trực tiếp đá banh giải euro 2014
live champions league gratis
xổ số miền nam ngày 19 tháng 04
xổ số đồng nai 15 tháng 10
ku casino app
nagavip39club - cổng game quốc tế android
xổ số mega ngày 24 tháng 04 năm 2024
tiền thưởng bóng đá nữ việt nam
8xbet
xổ số vĩnh long sông bé thứ sáu
kết quả xổ số đồng nai 7/2/2024
xổ số ngày 17 tháng 3 đài sóc trăng
cá cược bóng đá euro 2024
kết quả xổ số miền bắc của ngày
vì sao ở nước nga năm 1917 lại có hai cuộc cách mạng
gamepoker
ghi âm cuộc gọi trên huawei nova 3i
xo so thong ke
slovakia – ukraine kèo nhà cái
copa america đài nào
du đoán xsmb
dự đoán xổ số minh ngọc bến tre hôm nay
trang cá cược online tốt nhất full
only 13 teams in the first world cup
cách rút tiền từ fb88
kết quả bóng đá đội fulham
kết quả xổ số thành phố ngày 15 tháng 2
Lịch thi đấu tiger cup 2020
kết quả xổ số ngày mùng 6 tháng 11
lời cuối cho cuộc tình đan nguyên
trực tiếp euro world cup
đội hình man city gặp tottenham
vòng loại thứ 3 world cup 2022 thể thức
kết quả bóng đá 7cm
dự đoán kết quả xổ số hôm nay
xổ số 666
cách cài ghi âm cuộc gọi cho iphone 6
app đánh bài đổi thưởng uy tín
8xbet
atletico man utd
kết quả lịch thi đấu vòng loại world cup 2024
8xbet Trang Chủ Chính Thức
8xbet apk
8xbet baccarat
8xbet có uy tín không
8xbet fun
8xbet games
8xbet games
8xbet guru
8xbet keo
8xbet kiến thiết
8xbet login poker
8xbet ltd
8xbet man city deal
8xbet may
8xbet media
8xbet slot auto
8xbet slot game
8xbet tv
8xbet tài khoản
8xbet tài trợ man city
8xbet Đăng nhập
8xbet ✅ nhà cái cá cược bóng đá
8xbet.top
app 8xbet
baccarat 8xbet
baccarat trực tuyến 8xbet
casinos with baccarat 8xbet
chơi baccarat 8xbet
doanh thu cược 8xbet
dương cẩm lynh đánh bạc 8xbet
dương cẩm lynh đánh bạc 8xbet
khuyến mãi 8xbet
link dang nhap 8xbet
nhà cái 8xbet 8xbet.li
nạp tiền 8xbet
nạp tiền 8xbet
sexy baccarat 8xbet
sòng bạc casino 8xbet
the thao 8xbet
trang web chính thức 8Xbet
tải app 8xbet
đánh baccarat trực tuyến 8xbet
đánh baccarat trực tuyến 8xbet
đánh bạc trên mạng 8xbet
app cá cược bóng đá 8xbet
8xbet slot demo
ku casino 8xbet
8xbet xóc đĩa
nhà cái 8xbet
8xbet ✅ nhà cái cá cược bóng đá
sòng bạc trực tuyến 8xbet
8xbet media
online baccarat 8xbet
app đánh bạc online 8xbet
8xbet tải app
8xbet soi kèo
8xbet yachts
8xbet ltd
bet soccer 8xbet
8xbet poker
baccarat đổi thưởng 8xbet
thể thao 8Xbet
8xbet
baccarat casino online 8xbet
8xbet
game bài 8xbet
Trang web cá cược 8xbet
nổ hũ 8xbet
cược xâu 8xbet