Велешанецот Зоран Љутков ја презеде функцијата министер за култура и туризам од Бисера Костадиновска Стојчевска
Објавено на 24 јуни, 2024 во 14:26
Во просториите на Министерство за култура и туризам, денеска во 10 часот, беше извршено примопредавањето на должноста министер за култура помеѓу досегашната министерка Бисера Костадиновска – Стојчевска и новоименуваниот министер Зоран Љутков.
Досегашната министерка, Костадиновска – Стојчевска на новоизбраниот министер му ја честиташе новата должност и му посака успех во совладувањето на предизвиците поврзани со реализацијата на тековните и идни проекти на Министерството за култура и туризам.
Министерот Љутков истакна дека доаѓа време на промени, а пред сите чинители од областа на културата и туризмот, претстои интензивен период на макотрпна работа и инвестиции, што воедно претставува врвен приоритет на новата влада.
Дума.мк