Велешани и утре, сабота, ќе може да си ги зeмаат готовите лични документи
Објавено на 16 февруари, 2024 во 13:21
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека велешани, утре, сабота на 17 февруари, ќе може да ги подигнуваат своите готови лични документи.
Одделението за граѓански работи Велес ќе работи од 08:00 до 16:00 часот и во тој временски период ќе може само да се подигнуваат готовите пасоши, лични карти и возачки дозволи.
Дума.мк