Велешани можат да добиваат бесплатна правна помош во велешкото Одделение на Министерството за правда

Објавено на 31 октомври, 2023 во 11:34

Со цел да се зајакне свеста на граѓаните во општината за постоењето на бесплатната правна помош, денеска, пред горниот влез на градскиот пазар, беше поставен инфо штанд кадешто граѓаните добиваа флаери за тоа каде можат да се обратат за бесплатна правна помош и имаа можност директно да постават прашања до правниците коишто се конслутантити на советот на Европа и веднаш да добијат одговор.

Граѓаните се соочуваат со различни правни проеблеми, но најчесто се конслутираат за имотно правни прашања.

-Добиваме прашања и за права од социјална заштита, здравствена заштита, за брако разводни постапки. Доколку граѓаните се соочуваат со конкретен правен проблем во моментот и ни ги дадат потребните информации околу проблемот добиваат конкретен правен совет каде може да се упатат, на кој начин може да се реши слулајот, во кој закон е нивното прашање а доколку ги исполнуваат условите од законот за бесплатна правна помош ги упатуваме или во подрачното одделение или во овластените здруженија, се со цел да им помогнат да пополнат барање за бесплатна правна помош и да им се обезбеди адвокат којшто ќе ги штити нивните барања, објасни Адриана Марковска конслутант на Совет на Европа.

Ирена Цуцулоска Јакимоска виша раководителка во програмска канцеларија во Совет на Европа во Скопје, на денешниот инфо ден, потенцираше дека е битно граѓаните да знаат дека во Велес функционира подрачното одделение на Министерството за правда коешто е локациски сместено во зграда на Општина Велес.

-Граѓаните можат да добијат бесплатен правен совет, бесплатна правна информација, може да им биде пополнето барање за секундарна правна помош во подрачното одделение за Министерство за правда. Велешани не се доволно информирани за ова одделение и ова е начин да се да дознаат со цел да им биде подостапно, додаде Цуцулоска Јакимоска.

Велес е  23 град по ред кадешто се одвива оваа активност со цел поголем број на граѓани да дознаат за овој инструмент и повеќе да го користат во иднина. Овој наста е организиран во рамките на проектот „Закон солидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош“ којшто е кофинансиран од Европската унија и Совет на Европа а имплементиран од програмската канцеларија на советот на Европа во Скопје во соработка со Министерство за правда и со овластените здруженија и правни клиники коишто даваат бесплатна правна помош.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License