Велешани се степале во казино и употребиле солзавец, пронајдена неиспукана артилериска граната
Во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес евидентирани се случаи во Велес Градско, Кавадарци и Неготино.
Случајот во Велес бил пријавен во 03:40 дека во казино во градот неколку лица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и употребен бил спреј – солзавец.
Претходно, 15 минути по полноќ полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишеле од слобода триесет и седум годишниот М.К кој агресивно се однесувал и со остар предмет ја оштетил влезната врата од станот на Д.А. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во билтенот на СВР Велес евидентирана е и пријава дека при извршување на земјоделски работи на нива покрај железничка пруга во атар на село Виничани, општина Градско, била пронајдена една неиспукана артилериска граната калибар 100мм. Граната била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
Исто така, бил евидентиран и случај во Неготино кога полициски службеници го привеле четириесет годишниот неготинец С.С кој бил баран со централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната
установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Дума.мк