Крадци од Велес „собрале“ паричници на вработени во здравствена установа и ги употребиле платежните картички

Објавено: 11 јануари, 2026, во 12:48 часот

Велешаните Д.А.(36) и Ѓ.Д.(40), вчера, во 14:15 часот, завршиле во Полициска станица под сомнеж дека од просторијата која ја користат вработени во здравствена установа во Велес, одзеле паричници во кои имало пари, платежни картички и лични документи, сопственост на две Велешанки С.Д.Н (53) и П.Т. (33).

Со платежни картички се обиделе да извадат парични средства од банкомати, а Д.А. во продажно место извршил неколку трансакции.

-Дел од одземеното е пронајдено и вратено на сопственичките. Осомничените Д.А. и Ѓ.Д.  биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.