Велешанка пријавила дека сопругот подолго време и се заканувал
Објавено на 21 февруари, 2024 во 13:12

Четириесет и девет годишна велешанка подолг временски период добивала закани од својот педесет и седум годишен маж Ш.Н преку телефон. Во Полициска станица пријавила дека еден месец не живееле заедно.
-Тој бил повикан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, привремено му бил одземен пиштол кој го поседувал со дозвола и дозволата за оружје и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Стефани Манева
