Приведена велешанка за кражба на паричник
Објавено на 3 мај, 2025 во 12:25

На Градски пазар во Велес, вчера претпладне, во 10:30 часот, полициски службеници на СВР Велес, ја лишиле од слобода С.Ш.(70) од Велес која била пријавена од 57-годишната В.Ѓ. од Велес.
„На Градскиот пазар во Велес, С.Ш. ја оттурнала и и го одземала паричникот во кој В.Ѓ имала 25 350 денари и лични документи.Кај С.Ш. биле пронајдени предметите и вратени на сопственичката. Известен бил јавен обвинител,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Оттаму додаваат дека приведената била однесена во полициска станица Велес и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска
