Велешанката м-р Маја Чадиева: Главна предност на програмата на Школата за американско право SAL во Чикаго се кариерно доквалификување, примена и креирање на право што американскиот систем ти ги овозможува

Учеше прво два семестри во Атина, Грција на Школата за Американско Право (SAL) каде се стекна со Сертификат за познавање на Бизнис Право, потпишан од SAL и Chicago-Kent College of Law, Illinois Institute of Technology, а потоа продолжи на магистерски студии во Чикаго, САД кој се состоеше од исто така два семестри. Велешанката Маја Чадиева меѓу првите македонки се здоби со звањето Магистер по Американско, Интернационално и Транснационално право на Chicago-Kent College of Law, Illinois Institute of Technology во Чикаго САД, по завршувањето на Магистерските студии за Финансии и Финансово право на Факултетот Јустинијан Први во Скопје. Нејзиниот пат до успехот, не е воопшто комплициран бидејќи како што вели потребни се само знаење и храброст.
-Моите искуства и од Атина и од Чикаго се позитивни. Јас сум многу задоволна бидејќи се што ветија дека ќе остварат од програмата навистина го исполнија. Го почитувам тоа што добив стипендии во висина од 75% за учење на американско право во американско училиште за каде се потребни многу пари. Мастер студиите во Чикаго чинат 65.000 американски долари што како сума на финансиски средства тешко може да си ја дозволи студент од нашата држава. Имавме прекрасни професори, практичари, од различни области на правни науки кои целиот работен век и го посветиле на оваа наука. Тие освен теоретски ни го пренесоа нивното практично знаење и она што особено ме фасцинира беше специфичноста на американскиот начин на изучување на правото кое е тесно поврзано со практична примена на знаењето. Тоа конкретно значи дека низ процесот на студирање тесно се споени теоријата и праксата што ти овозможуваат подготвен да излезеш од студии и веднаш да одговориш на барањата на клиентите. Студиите ти нудат можност да размислуваш во контекст на примена и креирање на право што американскиот систем ти ги овозможува, рече Чадиева.

Штом ги заврши двата семестри во Чикаго, во САД, Чадиева доби работна дозвола што факултетот ја нуди на секој студент што ќе одлучи да остане и да работи во Соединетите Американски држави во времетрање од една година.
-Таму низ работата правникот може да се стекне со разни видови на искуства кои што воглавно зависат од избраниот смер за студирање. Јас имав можности за запознавање со Имиграционото право и тоа токму во адвокатска канцеларија на Македонец којшто работи во Чикаго, адвокат Филип Чичевалиев, и гради одлична кариера како и успешен е во помошта на граѓани од земјите на Балканот, додаде Чадиева.
Според неа главна предност на програмата на Школата за американско право SAL во Чикаго е можноста за кариерно доквалификување што е дополнителниот мотив како во однос на кариератата така и во однос на финансиите.

-Тоа е локалната причина, така јас ја перцепирам. Сите правници кои работат во Македонија и нивните колеги во Европа се фокусирани на Европско право и експертиза за овој вид на правни науки. Но во последно време се соочуваме со предизвикот што го носат американските компании со седиште во САД кои имаат логистички канцеларии во Македонија. Исто така Македонија е препознаена како партнер во многу области па затоа Американци имаат потреба од кадар со познавање на Американско право и Интернационално право за да го користат токму од Македонија. Потребата е веќе голема и во перспективните меѓународни организации кои овозможуваат предности како во делот на градењето на индивидуалната кариера така и во делот на вреднувањето на вложениот работен труд од страна на правникот. Затоа е голема предноста кога имате познавања или квалификации за Американско право, додаде Чадиева.

Таа освен на локалната причина и конкурентноста на пазарот,во разговорот, се осврна и на предноста што Школата за американско право во Атина и Универзитетот во Чикаго им го овозможуваат на студентите чии сон можеби е работа и карирера во Соединети Американски Држави.
-Ако се сонува за работа во голема адвокатска канцеларија, во државите на САД, тогаш овој тип на студирање е препознат од американската BAR асоцијација. Тоа значи дека секој којшто ќе ја заврши може да се пријави за полагање на Правосуден испит во Америка. Станува збор за унифициран правосуден испит кој ги покрива поголемиот дел од државите на федерално ниво. Поточно положениот правосуден испит овозможува да се биде адвокат во државите на САД. Работа на голем и отворен пазар, можност да се применува и во исто време да се креира право преку преседани и големо влијание во општеството,се разликата што Чадиева ја направи на крајот од разговорот,кога ги спореди македонското,европското и американско право. Денес програмата е отворена за сите кои се заинтересирани и сакаат да ја продолжат личната едукација во Чикаго.
Маја Чадиева моментално работи како официјален претставник на Школата за американско право во Република Северна Македонија, Бугарија, Србија, Косово и Албанија и нејзиниот телефон 070634 103 е отворен за информирање и помош при запишување на сите занитересирани идни студенти додека детални информации за повиците кои се отворени два пати во текот на секоја академска година може да се најдат на следниов линк: https://salchicagokent.com/north-macedonia/?fbclid=IwAR27gUN194KVoHSV_lt9EF4Mys-DEK505_GASeUJJXb2MDcb1dsyRzenjsM.
Убавка Јаневска
