Велешките „Акцијаши ветерани“ засадија нови садници на Јапонски цреши на езеро „Младост“

Објавено на 27 март, 2025 во 08:01

Со новите садници од видот „Јапонска цреша“ е зголемен дрворедот на Акцијашко – Ротаријанската парцела на езеро „Младост“. Нив ги засадија 10-тмина акцијаши ветерани на Работната бригада „Кочо Рацин“. Засадувањето е во чест на денот на пролетта додека акцијата беше годинава поместена поради Деновите на жалост за жртвите во трагичниот пожар во Кочани. Учесниците во доброволната или волонтерска акција со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите 59 млади луѓе од неколку македонски градови во пожарот.

-Тоа што акцијашки ние го велиме траса за работа беше парцелата на Акцијашко Ротаријанската парцела. Освен копањето на дупки и садењето на израснати дрвца од видот Јапонска цреша исто така ја искосивме и собравме тревата од површината на земјата, го проверивме поставениот систем за наводнување „капка по капка“ и претходно насадените садници како што го собравме и целиот расфрлан сметот на оваа парцела што е прва,непосредно до изградениот пат кон „Паркот на срцата“ и угостителскиот комплекс кој претходно се нарекуваше „Парк на авантури“, рече претседателот на здружението Горан Петков.

Тој додаде дека , согласно Програмата за работа за 2025 година, акцијашите ветерани на Велес од ова граѓанско здружение и годинава ќе реализираат повеќе работни акции за уредување на јавни површини во градот, во Општина Велес и соседните општини. Исто така и во паркот на Спомен костурницата притоа не заборавајќи редовно да го обновуваат фондот на дрвја особено на велешко езеро. Петков упати апел до велешани и особено до младите луѓе да им се приклучат во акциите за разубавување на родниот град., општината и езерото „Младост“.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.