(Обновено)Велешките пензионери од здружението со најдобри резултати на годинешните Регионални спортски пензионерски игри, од југот, во Градско (Фото)

Објавено на 22 мај, 2025 во 15:07

Верољуб Додевски и Димче Тодоров, се двајцата пензионери, коишто на велешкото Здружение на пензионери му донесоа две први места во трките за мажи до и над 60 години на денеска одржаните 29 Регионални спортски Пензионерски игри. Прва е и екипата на велешките пензионери во спортската дисциплина стрелаштво, мажи, како и во поединечна конкуренција, затоашто пензионерот Зоран Џоневски го освои првото место.

Велешките пензионери екипно најдобри се и во дисциплините пикадо, кошарка и домино. Пензионерите којшто ги освоија, во поединечна конкуренција првите места се Анде Марковски во пикадо, Љупчо Манев во кошарка и Благој Тодоров во домино.

Машката велешка пензионерска екипа е најдобра и во спортската дисциплина шутирање топка во гол додека Влатко Ѕврцинов е најдобриот шутер и освојувач на првото место.

Имаат постигнат резултат и Велешките пензионерки коишто во екипна конкуренција го освоија третото место во пикадо.

29-те Регионални спортски пензионерски игри од југот се одржаа во Градско. На манифестацијата учествуваа над 300 пензионери од Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија. 

„ Честитки до победниците во сите 10 спортски дисциплини какошто се домино, шах, пикадо, табла, стрелаштво, скок во далечина, фрлање ѓуле, тегнење јаже, фудбал и кошарка како и во трчање.  Упорноста, желбата за дружење и активен живот е пример за нас дека секогаш треба да имаме цел во животот, да се стремиме кон победа, да се однесуваме со почит меѓу себе и да покажеме дека малите работи го прават животот поубав,“ рече Веле Алексоски, претседател на Здружение на пензионери на Велес, Градско и Чашка.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.