Велешките пожарникари денеска со брза интервенција спречија ширење на пожар во куќа
Објавено на 27 мај, 2025 во 14:42

Брза и координирана акција на Територијалната противпожарна единица Велес денес спречи поголема трагедија во куќа на улица Прохор Пчински бр. 62.
-Во 11:40 часот беше примена дојава за запалена куќа, по што веднаш реагираа две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители. По пристигнување на локацијата, пожарот беше затекнат во почетна фаза и е успешно локализиран во краток рок, објасија од ТППЕ Велес.
Благодарение на професионалната и навремена интервенција ситуацијата била ставена под контрола без повредени лица.
Дума.мк
