Велешките пожарникари изгаснаа подметнат пожар под село Грнчиште во којшто горела сува трева

Објавено на 15 август, 2024 во 08:07
Фото: Архива ЦУК

Со едно противпожарно возило и четворица пожарникари спасители, вчера попладне, започнала интервенцијата на Територијалната Против Пожарна Единица Велес во подметнат пожар под село Грнчиште. Пожарникарите огинот го затекнале во развиена фаза. Поради силен ветер пламенот и се заканил и на блиска боровата шума.

Во гаснењето на пожарот било ангажирано уште едно противпожарно возило со  тројца  пожарникари спасители.

-Со брза интервенција пожарот беше ставен под контрола и целосно изгаснат, соопшти ТППЕ Велес.

Од таму апелираат до граѓаните штом забележат пожар веднаш да информираат на  бесплатниот телефонски број 112 или на 193.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.