Велев: Очекуваме неделава да стигнат глукомерите и лентите за мерење на шекер во крвта  

Објавено на 21 август, 2023 во 13:33

Откако во изминатите две недели во државата започна да се распределува антидијабетната терапија за потребите на пациентите неделава се очекува да стигнат глукомерите и лентите за мерење на шекер во крвта. Големиот број на регистрирани пациенти со дијабет во Македонија влијае на постапката на подигнување на терапијата, рече Димче Велев претседател на Сојуз на дијабетичари.

Бројката на вкупно регистрирани пациенти со дијабет е 116 илјади во државата. Од нив 44 илјади се на инсулинска терапија. Само нив согласно програмата за дијабетес им следува глукомер и ленти за мерење на шекер во крв. Очекувањата на сојузот се дека неделава ќе започне и брзо ќе тече распределбата на глукомерите и лентите.

„Се надеваме дека во една испорака ќе стигнат сите 44 глукомери. Тогаш сите регистрирани граѓани со дијабетес ќе имаат можност да добијат по еден глукомер. По претпоставка да има можност за дел од нив, со Тип 1 дијабет, да им се распределат по пет кутивчиња со ленти тогаш ќе се сложите дека станува збор за обемна работа. Сепак задоволни сме што стигнавме до реализација на приоритетните барања на сојузот од сите испорачани на Министерство за здравство, додаде Велев.

На граѓаните со дијабет од Тип 1 законски им следува по пет кутии со по 50 ленти додека од Тип 2 по едно кутивче со 50 со ленти за мерење на шекер во крв потребни за 60 денови. Но сега, во вака актуелната состојба, добро би било кога што поскоро би се задоволиле почетните потреби на сите пациенти. Велев се надева дека ќе продолжи партнерскиот дијалог помеѓу министерството за здравство и сојузот на дијабетичари.

Исто така од Сојуз на дијабетичари, исто така, очекуваат дека министерството ќе ја задоволи и потребата од сензори за деца. Според договорот сензорите треба да стигнат наредниот месец.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.