(Видео) Голема хуманитарна акција на празникот Свети Никола, бесплатни грав и риба за велешани како и донации за сиромашно семејство во градот
Годинава за прв пат една голема хуманитарна акција за делење бесплатен оброк на социјално загрозени семејтва, наместо неколку коишто се случуваа во месец декември, пред и по новогодишните празници. Избран е верскиот празник Свети Никола, 18 декември и акцијата ќе се случува на платото пред Основен суд Велес.
Организаторот Гостилница „БОЕМ“ ќе подготви грав и риба, додека учениците од угостителскиот смер на ССОУ „Коле Неделковски“ како и Здружение на пензионери Велес ќе подготват најразлични гурмански специјалитети , сукано, ѓозлеме, гурабии и баклави. На штанд ќе се продаваат и рачни изработки на децата од ОЈУДГ „Димче Мирчев“. Секој посетител ќе има можност да проба од се но и да донира финансиски средства колку што може.
Собраните донирани средства од дегустацијата и продажбите е наменета за реновирање на домот на петчлено семејство во Велес, во кое четири членови се лица со посебни потреби а приход остварува само едно, рече организаторот Трачје Мешков, сопственик на гостилница „БОЕМ“.
Како што констатираше Мешков Свети Никола е домашна слава на голем број граѓани на Велес. Со хуманитарната акција се очекува чест на светителот годинава да му се укаже и надвор од домот во заедничка славеничка атмосфера која сепак има за цел да овозможи што поголем број на велешани да дојдат за повторно да потврдат дека со хуманост можат да им помогнат на три деца и на една мајка со попреченост. Организаторот со помагателите веруваат дека одѕивот на сограѓаните ќе биде голем.
Убавка Јаневска