(Видео) Граѓани од велешка населба Тунел бараат да профункционира уличното осветлување на главната улица “Благој Ѓорев“

Објавено на 23 октомври, 2023 во 11:30

По две недели откако во целосен мрак се движат и возат автомобили на главната улица „Благој Ѓорев“ граѓани од населбата Тунел снимија видео и го испратија со цел да прикажат како живеат во вечерните и ноќните часови. Пешаци раскажаа дека не се чувствуваат безбедни додека  се движат како од возила така и од чопори на бездомни кучиња. Возачите пренесоа дека не смеат да возат според пропишаната брзина затоашто можат да удрат пешак. Темнината на главната сообраќајница не им овозможува навреме да забележат доколку граѓани преминуваат од една на друга страна на улицата.

„Од темнината не гледаме ни како чекориме по тротоарите. Се плашам да ја преминам улицата на пешачки премин. Доколку некој возач вози со поголема брзина ни тој ниту јас ќе можам на време да го видам. Зошто не свети уличното осветлување, праша велешанец.

„Штом падне мрак, не безбедно е да излезеш од домот. Како од крадци така и од групи со бездомни кучиња кои трчаат. Животните можеби немаат намера да не нападнат но не страв. Особено внимаваме на децата и ги прибираме дома уште во 18 часот. Ни треба улично осветлување, рече велешанка.

„Сметам дека не се безбедни ни возачите. Што ако се случи некое дете да ја претрча улицата. Ништо не се гледа. Брзината со која возиме автомобили не игра никаква улога во целосната темнина. Затоа бараме да профункционира уличното осветлување на Благој Ѓорев, рече возач на автомобил.

Дума.мк ќе побара одговор на прашањата на граѓаните од Општина Велес во текот на утрешниот ден. Поради одбележувањето на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба денешниот ден е неработен.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.