(видео и фото) Екологистите на „Вила Зора“ги учеа велешките „Ѕвездички“ да компостираат и садат зачински билки
Дваесет и девет деца од градинката „Ѕвездички“ на ОЈУДГ „Димче Мирчев“, денеска, учествуваа на едукативно креативна работилница посветена на употреба на компост за садење на зачински билки. Обуката заедно со воспитувачките, во велешката градинка, ја реализираа екологистките на “Вила Зора“. Децата јадеа овошје, чии лушпи се собираа и ставаа во електричен компостер, за потоа заедно да произведат компост со кој што ги полнеа жардиниерите. Дотураа и хумус за потоа во нив да ги садат семињата на зачинските билки. Полевањето со вода беше завршница на едукацијата.
Едукацијата беше забавна и интересна за децата. Особено интерактивниот дел во кој голем број на подигнати детски раце учествуваа во натпреварот на одговори на прашањата: што е компост, како се добива, за што се употребува,зошто е значаен за билките и какви производи растат со негова употреба.
Олгица Наумоска беше една од трите едукаторки на креативната работилница која рече дека е дел од проектот „Селектирај – Компостирај“ на ЕД „Вила Зора“.
Велешките екологисти проектот „Селектирај – Компостирај“ го спроведуваат со финансиска поддршка на УНДП и на општина Велес преку програмата „Релоад“.
Убавка Јаневска
Фото: