(Видео и фото) Граѓаните на Велес помагаат со хуманитарна помош за Украина, вели велешанката со украинско потекло д-р Тодоровска

Објавено на 10 март, 2022 во 17:04
Фото: Разговор со д-р Марина Тодоровска

Отворен е пункт за хуманитарна помош во Велес за граѓаните на Украина. Во Туристичко биро на Општина Велес, коешто се наоѓа во популарно наречената синдикална зграда, спроти стара Стоковна куќа, велешани денеска ги донираа првите пакети со храна за деца и за возрасни, хигиенски сретства, ќебиња и облека. Во хуманитарната помош може да се донираат нерасипливи производи од храна како и лекови. За децата памперс пелени, кашички, влажни марамчиња, храна што брзо се подготвува и слично.

Фото: Дума.мк
Фото: Дума.мк

Разговаравме и со д-р Марина Тодоровска, велешанка по потекло од Одеса, Украина. Таа е само една од повеќето граѓани на нашата држава која има семејство во Украина. Грижата за нивните најблиски е голема. Проследете го разговорот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.