(Видео и фото) Одбележана 121 годишнина од Солунските атентати, обновена спомен плочата со имињата на Гемиџиите во Велес
Градоначалникот Марко Колев, претседателот на Советот Зоран Љутков со членови на Советот на Општина Велес, членови на семејствата на Гемиџиите, на локални институции, на граѓански организации и на политички партии положија свежо цвеќе на споменикот на Гемиџиите на денешното одбележување на 121 годишнина од Солунските атентати.
Градоначалникот се обрати пред присутните и се заблагодари на делото на сограѓаните кое, како што рече, секојдневно треба да не потсетува на нивната саможртва.
Обновената спомен плоча со имињата на Гемиџиите ја открија градоначалникот Колев, претседателот на Советот Зоран Љутков и членови на Советот на Општина Велес. На неа повторно се читаат имињата на Јордан Поп Јорданов – Орцето, Димитар Мечев-Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, Павел Шатев, Марко Бошнаков и Цветко Трајков.
Градоначалникот, исто така, во знак на чест и почит кон делото на Гемиџиите во водите на река Вардар пушти венец со свежо цвеќе.
Убавка Јаневска