(Видео и фото) Пожарот над село Отовица ставен под контрола

Двата „Ер трактори“ на Дирекција за спасување и полицискиот хеликоптер на МВР дејствуваа од воздух додека пожарникари со цистерни на Територијалната противпожарна единица Велес го гаснеа пожарот од земја кај село Отовица.
Во гаснењето се вклучиле и сопственици на куќи од селото крај езеро „Младост“. Последната информација од нив е дека на повеќе места на опожарената површина тлеат остатоци од ниско стеблести растенија како и од сува трева.
Опожарениот терен го контолираат велешките пожарникари.
„Сите пожарникари се на терен, подоцна ќе ви одговориме на прашањата,“ рече дежурниот пожарникар на телефонскиот број 193 кого го прашавме колку пожарникари и колку возила учествуваа во гаснењето на пожарот кај Отовица.
Пожарот над село Отовица се запали околу после 13:40 часот. Потпомогнат од ветерот разви три краци. Еден кон ридот над автопатот Велес –Скопје, пред патарина „Отовица“ и по еден лево и десно покрај автопатот.
Тогаш стигнаа двата „Ер трактори“ и полицискиот хеликоптер и огнот го ставија под контрола.
Убавка Јаневска
