(Видео и фото) ВМРО ДПМНЕ прогласи двојна победа во Велес, Сиљановска Дафкова за Претседателка и Здравковски со Јамалов за пратеници

Објавено на 8 мај, 2024 во 23:47

Со запалени бакљи и скандирање на името на политичката партија, ВМРО ДПМНЕ, вечерва, во центарот на Велес, ја славеше победата на седмите Претседателски и единаесеттите Парламентарни избори во државата. Помеѓу двата споменици на Коњаникот и на Кочо Солев Рацин беа собрани  активистите и симпатизерите на партијата.

Нив им се придружија претседателот, актуелен пратеник и кандидат за втор пратенички мандат Игор Здравковски, градоначалникот на Велес Марко Колев и секретарот и кандидат за пратеник Александар Јамалов кои ги соопштија постигнатите резултати.

По обраќањата на Здравковски, Колев и Јамалов следеа честитки од страна на присутните како и славење на победата од страна на присутните. Дел од нив, претежно млади луѓе, со развиорени знамиња создадоа колона од возила и моторцикли и продолжија да возат по централните улици во Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.