(Видео и фото)Велешки „Кристал 1923“ АД одбележа јубилеј -100 години постоење, Лазов најави нова инвестиција „Рафинерија“

Објавено на 21 октомври, 2023 во 11:30

Пензионирани и сегашни работници, менаџери,деловни партнери и коминтенти, функционери и политичари присуствуваа вчера вечер на одбележувањето на јубилејот на велешкиот бренд „Кристал 1923“ АД. Пред нив извршниот директор Горанчо Лазов се заблагодари на поддршката на поранешните и сегашни работници како и на менаџментот кои го вложија своето знаење, стручност и компетентност за еден век да се одржи и произведува македонскиот бренд, маслото за јадење „Кристал“, како и за проширената програма на прехрамбени производи во која секако без конкуренција е квалитетот на алвата, на локумот и на желе бонбоните.

Лазов ја најави и новата инвестиција поточно Рафинерија со погон за дезодоризација на маслото за јадење „Кристал“ во којшто новопроизведените количини на овој бренд ќе бидат со уште повисок квалитет. Компанијата во градежните работи и инсталирањето на нова опрема ќе инвестира 4,5 милиони евра.

Присутните имаа можност премиерно да го гледаат и снимениот видео материјал посветен на едновековниот развој на компанијата која од реномиран производител на масло за јадење прерасна во препознатлив бренд на производи за прехрана како во Македонија така и во светот.

Одбележувањето на јубилејот продолжи со богата културно уметничка и забавна програма.

Убавка Јаневска  

Фото галерија

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.