(Видео) Матурска еуфорија во Велес: Весела прослава на матурантите од „Гимназија Кочо Рацин“

Објавено на 16 мај, 2025 во 16:28

Матурска прослава вчера вечер правеа и матурантите од Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес. Долго чекуваната вечер донесе многу насмевки, блескави тоалети и одлична забава. Младите матуранти, исполнети со еуфорија и гордост, се простија од средношколските клупи со музика, танци и позитивна енергија.

Утрото, пак, продолжи во ист дух – со зурли, тапани и школски двор исполнет со младешка радост. Со песни, прегратки и фотографии, матурантите уште еднаш покажаа дека матурската прослава е момент што се памети цел живот.

Драги матуранти, уживајте во деновите што следат и нека ви се остварат сите соништа! 

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.