(видео) На левата страна во Велес, по две децении, општината со инвестиција во патната инфраструктура од над 30 милиони денари

Објавено на 23 август, 2023 во 14:33

Градоначалникот Марко Колев, на денешната прес – конференција којашто ја одржа кај градскиот пазар соопшти повеќе работни активности на коишто во моментов се работи но и што ќе започнат со реализација во наредниот период. Според Колев, после 20 години ќе се вложат од 30 до 35 милиони денари во подобрување на патната инфраструктура на левата страна од Река Вардар. Започнати се реконстркции на пет улици околу градскиот пазар и дополнително уште пет улици во непосредна близина ќе се санираат во текот на наредниот период. Колев најави и асфалтирање на повеќе улици во населени места на територијата на општината.

Градоначалникот исто така, соопшти дека денеска потпишал договор со којшто ќе бидат променети вкупно 4700 улични светилки во Велес и во населените места во општината со што ќе се отстранат проблемите со коишто локалната власт се соочува кога е во прашање уличното осветлување. Исто така, ја спомна и започнатата реализација за изградба на дел од кеј на Река Вардар во централно градско подрачје и вети дека во наредната година заедно со членовите на Советот на Општина Велес и Претседателот Зоран Љутков ќе направат се за да продолжи доизградбата на кејот со нови 200 метри.

Според Колев, исто така ќе започне реализација на неколку проекти со кои општината планира да ги подобри условите за рекреација и игра на децата како во градот така и во населените места.

На прес – конференцијата на градоначалникот Марко Колев, денеска во Велес присуствуваше и Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христија Мицкоски.

Дума.мк ја пренесува во целост изјавата на градоначалникот Марко Колев преку видео.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.