(Видео) Прличкова: „Велес во мрак, каде завршуваат парите на граѓаните од уличното осветлување?“
ОО на СДСМ Велес, на прес конференција одржана вчера вечер, побара Општина Велес итно да ја врати старата јачина на светлината на уличното осветлување затоа што согласно нивните информации, добиени преку официјални документи од страна на советничката група во Совет на Општина Велес, на општинската сметката од страна на ЕВН имало доволно префрлени финансиски средства по основ на плаќање на граѓаните за јавно осветлување. Советничката на СДСМ, Пандорка Прличкова објави и табеларен приказ на заштедата што општината ја имала од тоа што граѓаните на Велес девет месеци живееле во мрак.
„Велешани веќе подолг период во поголемиот дел од градот и селата се движат по темни и не безбедни улици. Жителите на општина Велес редовно ги плаќаат сметките за струја, но јавно осветлување нема, со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните? Мрак и несигурност кај велешани. Врз основа на советничко прашање, советничката група на СДСМ дојде до документ на кој табеларно се претставени наплатените и потрошените средатва за јавно осветлување. Имено,на сметката на Општина Велес од ЕВН по основ на наплатени средства од улично осветлување, за првите 9 месеци во 2023 година, легнале вкупно 40.458 199 денари.Значи граѓаните си го платиле уличното осветлување кое го немаат! А општината потрошила само 18. 300 794 денари за јавно осветлување.Ова значи дека реално темните улици и мракот за кои што реагираат и граѓаните чинат само 18. 300 794 денари а се друго е добивка за општината.
Како може градоначалникот Колев и општина Велес да дозволи граѓаните да плаќаат, а очигледно да не добиваат осветлување во 21 век? Дали овие над 22.000.000 денари завршија во нечиј џеб? Дали велешани заслужуваат да добиваат услуга за која уредно си плаќале?
Бараме:
1 Итно да се вклучи јавното осветлување кое сите ние го плаќаме, а со тоа ќе се врати и безбедноста низ велешките улици.
2 Oдговорност каде завршиле 22 милиони денари кои останале во буџетот на општината, а треба да се трошат наменски односно за плаќање на сметките за електрична енергија,за проширување на уличната мрежа и за замена на прегорените светилки.
3. Замена на сијалиците со ЛЕД светилки.
За ова МОРА да има одговорност,“ рече Прличкова.