(Видео) Советниците на ВМРО ДПМНЕ во велешкиот Совет на општина бараат одговорност за „скандалот пушење електронска цигара“ во градинката
За случајот со „пушење на електронската цигара“ од страна на деца во велешката градинка „Димче Мирчев“ преку снимена прес конференција со став излезе советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Велес.
Советничката Менка Андреева откриениот случај го нарече голем скандал којшто директорката се обидувала да го прикрие. Во исто време Советничката група на ВМРО ДПМНЕ изрази најостра осуда и побара одговорност од негувателката и од директорката, Маја Велиновска, како што велат која во изминатиов период освен со бројни скандали не се прославила со ниту еден решен проблем или значаен проект за доброто на децата. При тоа го повтори ставот на оваа советничка група за „недомаќинското работење на директорката кое доведе до каснење на платите на вработените и недостаток на средства за нивна навремена исплата, разгледувавме извештаи со спорни јавни набавки и лоша организација“ . Исто така побарана е оставка и од министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
Дума.мк во целост ја пренесува Прес конференцијата на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ.