(Видео) Велев: Светскиот ден на дијабетес, 14 ноември, го одбележуваме во најтешката година за дијабетичарите во Македонија
Се уште државата не им ги обезбеди потребните глукомери и ленти за мерење на шеќер во крвта на дијабетичарите. Проблемот со антидијабетна терапијата и иглите се надмина иако со неколку кратно пробивање на роковите па затоа Сојузот на дијабетичари на Македонија за главен предизвик ја смета промената на моделот на набавки којшто според нив не е функционален за лица со дијабетес. Затоа од Министерство за здравство, со коешто повеќе пати преговараа, бараат воведување на референтната цена, достапност на помагалата во секое време како и достапност на терапијата на отворен пазар со цел Фондот за здравство да ги рефундира средствата на дијабетичарите или директно земање од аптека по референтна цена.
Од денеска се делат сензорите за глукомерите на децата со што нема да има потреба тие секојдневно и по повеќе пати да се боцкаат за да го проверат нивото на шеќер во крвта. Станува збор за 650 сензори колку што изнесува бројот на деца со дијабетес во Македонија, рече Димче Велев претседател на Сојуз на дијабетичари на Македонија.
Пред утрешниот Форум, којшто ќе се одржи во Скопје со богата агенда, Светски ден на борба против дијабетес викендов поголем број од вкупно 25 граѓански здруженија на дијабетичари во државата одржаа повеќе активности во градовите во Македонија.
Велешкото, „Шеќерче – Лили поп“ заедно со Лајонс клуб од Велес, до крајот на овој месец ќе одржат работилници за јакнење на свеста на граѓаните на Велес како и мерење на гликемија и на притисок на отворено.
Од година во година бројот на болни од дијабетес во Македонија се зголемува. Минатата година изнесуваше 7,5 илјади и тоа што е особено значајно е што се зголемува бројот на компликации кај заболените. Како пример поради не регулирани гликемии бројот на дијабетичари кои се на дијализа изнесува за 20 отсто, повеќе.
Убавка Јаневска