Вкупно 110 граѓани казнети за не носење на маска во Велес, Кавадарци и Неготино
Објавено на 25 мај, 2021 во 10:30
За време на продолжениот викенд, полициски службеници казниле 110 граѓани за не носење на заштитна маска на територијата на Сектор за внатрешни работи Велес.
Во петок, на 21 мај, вкупно 29 граѓани не носеле маска од кои 16 во Велес, осум во Кавадарци и пет во Неготино.
Потоа, во сабота, на 22 мај, од 07:00 часот до 23 мај, до 07:00 часот, биле казнети 23 граѓани. Најголем дел во Велес 14, во Кавадарци пет и во Неготино четворица.
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека најголем број од казните се напишани помеѓу 23 и 24 мај, недела, кога полициските службеници казниле 58 граѓани од кои 25 велешани, двајца кавадарчани и 31 неготинци.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Стефани Манева