Вкупно хоспитализирани се 44, од кои 28 се потврдени позитивни на Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 11 октомври, 2021 во 15:43

Од вкупниот број на хоспитализирани 44 пациенти ,28 се позитивни на коронавирус и по осум се сомнителни и со негативен тест но задржани на болничко лекување. Денеска на кислородна поддршка се 24 пациенти.
Ковид пациентите се лекуваат на Инфективно одделение 23, во Модуларна болница 12 и на Интерно одделение девет, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Елеонора Јованова.
Убавка Јаневска
