Во дом на велешанец, лишен од слобода, пронајдена и одземена зелена растителна материја
Објавено на 18 декември, 2024 во 12:16
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, вчера, во 12:00 часот со наредба од Основен суд Велес, извршиле претрес во домот на Н.А.(25) од Велес. Тој ден претходно, на 16 декември, во 20.30 часот на наплатна станица Сопот бил лишен од слобода. Тогаш при преглед во патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена зелена растителна материја.
-При претресот била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Н.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева