Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 48 ковид пациенти
Објавено на 13 септември, 2021 во 20:14

Од 63 граѓани кои се наоѓаат во двете одделениеја Инфективно и Интерно како и во Модуларната болница денеска 48 се потврдено позитивни, шест се сомнителни и девет пациенти се со негативен тест но, задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 40 пациенти.
Денеска од велешка болница е транспортиран пациент на 57 годишна возраст во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
Од болницата испишани се пет пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.
Убавка Јаневска
