Во Кавадарци се одржа едукативен настан за превенција од карцином на грло на матка

Објавено на 27 мај, 2025 во 11:01

Се одржа предавање во Кавадарци на тема „Превенција и рано откривање на карцином на грлото на матката“, во организација на Здружението за родова еднаквост „Визија“. Главна цел на настанот беше подигнување на свеста кај жените за значењето на редовните гинеколошки прегледи, вакцинацијата против ХПВ и препознавањето на раните симптоми на оваа болест.

– Карциномот на грлото на матката е една од најчестите, но и најпревентабилни форми на рак кај жените. Превенцијата не е само медицинско, туку и општествено прашање, рече Благица Коцева Тодорова, претседателка на „Визија“.

На предавањето зборуваше и гинекологот д-р Надица Гурева, која подетално ги информираше присутните за можностите за заштита и навремена дијагностика. Настанот заврши со интерактивна сесија во која граѓанките имаа можност да поставуваат прашања и да добијат стручни совети.

Настанот е дел од проектот „Караван за женско продуктивно здравје“, што се реализира со поддршка од Сојузот – Национален совет за родова рамноправност и финансирање од Австралиската амбасада.Проектот се реализира со поддршка од Сојузот – Национален совет за родова рамноправност и финансиска поддршка од Австралиската амбасада.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.