Во Кавадарци започна јавниот училиштен превоз (видео)
Објавено на 23 јануари, 2023 во 15:26
Денеска стартуваше со работа Јавното претпријатие градски превоз Кавадарци. Од утринава автобусите започнаа со превоз на ученици. Станува збор за ученици од општините Кавадарци, Росоман и Неготино кои посетуваат настава во Кавадарци. Со превоз се опфатени вкупно 472 ученици од трите средни општински училишта, како и 162 ученици од основните општински улилишта ,”Страшо Пинџур” и ,”Тошо Велков Пепето”.
Од почетокот на февруари градскиот превоз ќе биде достапен за сите граѓани. Ќе сообраќаат двете градски линии, како и приградските линии на релација Кавадарци, Неготино, потоа Ресава, Бегниште, Возарци, Дреново, Шивец, Сирково, Трстеник, Манастирец, Рибарци, Глишиќ, Марена, Ваташа како и селата од Бошавијата.
Ангел Данов