Во петтата недела од јануари зголемен бројот на граѓани со грип во велешко, бројките не се алармантни
Шеесет и четирите заболени граѓани од грип, во петтата недела на месец јануари, го зголемија вкупниот број на болни од ова инфективно заболување во велешката општина. Со нив, пријавени од матичните лекари и заедно со податоците од Општа болница Велес, покажуваат дека во првиот месец од годината, вкупно се разболеле 105 граѓани.
Од вкупниот број на заболени според возраста најголем број, поточно 74 граѓани, се помеѓу 15 и 64 години, потоа 15 граѓани се на возраст помеѓу 5 и 14 години, 12 се деца до 4 години додека само четворица од евидентираните болни се на или над 65 годишна возраст.
Грипот како и останатите заразни заболување во преостанатите зимски месеци од годината не е евидентиран со зголемени бројки што според здравствените работници говори за стабилна епидемиолошка состојба во општината.
Убавка Јаневска