Во раните утрински часови, утре, прво авионско третирање против комарци во Велес
Општина Велес, утре, 1 јуни, сабота, во раните утрински часови, поточно од 05:00 до 08:00 часот ќе го изврши првото авионско третирање против комарци со кое ќе биде офатено целото градско и приградско подрачке како и целото течение на река Вардар на овој потег.
-Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари. Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира
рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина, пишува во соопштението на Општина Велес.
Оттаму ги известуваат пчеларите за време на третирањето но и 3-4 часа подоцна да ги затворат кошниците со пчели, како заштита, бидејќи постои можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши
наредниот ден, 02 јуни, недела.
Стефани Манева