Во СВР Велес пријавени 28 тешки кражби, три кражби и едно разбојништво

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека во текот на месец февруари на територија на Велес биле пријавени 11 тешки кражби и една кражба, од кои три биле во напуштени куќи. Од вкупниот број, СВР Велес расчистиле седум тешки кражби и една кражба.
Исто така, во текот на месец март, годинава, биле пријавени 12 тешки кражби и две кражби од кои седум биле во напуштени куќи. СВР Велес расчистиле три тешки кражби и за четири се добиени сознанија за сторителите и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, информира дека во текот на месец април, пријавени се пет тешки кражби и едно разбојништво, од нив две тешки кражби се расчистени.
-Сектор за внатрешни работи Велес ги информира граѓаните дека и понатаму ќе продолжи да ги исполнува законските обврски за обезбедување на безбедноста и имотот на граѓаните, пишува во соопштението на СВР Велес.
Стефани Манева
