Во тек е пријавувањето за фаќање на Светиот крст на Богојавление во Велес
Објавено на 16 јануари, 2024 во 12:44
Започнато е пријавувањето на православните христијани коишто имаат желба да бидат дел од традиционалното фаќање на Светиот Крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици во Велес. Од Повардарската епархија во Велес соопштуваат дека во чест на празникот ќе биде организирана благочестивата традиција на положување на Чесниот и Животворниот Крст во водите на реката Вардар со што се повикуваат сите велешани кои се заинтересирани да учествуваат да се пријават.
-Возљубени, и оваа година, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, ќе биде организирана благочестивата традиција на положување на Чесниот и Животворниот Крст во водите на реката Вардар. За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани православни христијани за традиционалното фаќање на Крстот, да се пријават во просториите на Повардарската епархија во Велес, секој работен ден од 08, 00 до 16, оо часот, пишува во повикот на Повардарската епархија.
Осветувањето на водите на реката Вардар и фрлањето на Чесниот и Животворен крст во водите и оваа година ќе се изврши од Мало мовче во 11:00 часот.
Дума.мк