Во Вардарски регион, СДСМ на есенските локални избори оди со актуелните градоначалници во три и нов во четврта општина
Кандидати за градоначалник на владеачката СДСМ, на лретстојните локални избори во Чашка, во Градско и во Лозово ќе бидат актуелните градоначалници Горан Стојановски, Роберт Бешовски и Ацо Велковски.
Нивните имиња доцна вчера вечер ги објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев заедно со имињата на уште 27 кандидати од исто толку општини во државата.
Меѓу нив, од Вардарски регион,е и актуелниот градоначалник на Демир Капија, Лазар Петров додека во Росоман наместо со актуелниот Бранко Јанев СДСМ ќе оди на избори со кандидатот за градоначалник Стојан Николов.
Како што соопшти Заев, имињата на кандидатите за втор како и за прв градоначалнички мандат произлегле од резултатите на анкетите што партијата ги спровела на телефон и на терен.
Наскоро според партискиот лидер ќе треба да бидат соопштени и имињата на четворицата кандидати за градоначалници на Велес, Кавадарци, Свети Николе и Неготино.
Убавка Јаневска