Во велешка болница 19 ковид пациенти на кислородна поддршка

Објавено на 17 декември, 2021 во 10:23

Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 30 ковид пациенти од кои 15 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и 12 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.  Во изминатите 24 часа примен е еден пациент на болничко лекување.

-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 22 и на Интерно Б одделение осум пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.

На кислородна поддршка се 19 ковид пациенти.

Од болничко лекување испишани се тројца пациенти како оздравени.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.