Во велешка болница еден ковид пациент на кислородна поддршка
Објавено на 5 април, 2022 во 11:08
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани седум ковид пациенти од кои двајца се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти, еден е на кислородна поддршка, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На Инфективно одделение се лекуваат тројца пациенти и на Интерно Б одделение четворица.
Во изминатите 24 часа нема ни примени ниту испишани пациенти од болничко лекување.
Стефани Манева