Во велешка болница хоспитализирани 12 ковид пациенти

Објавено на 10 март, 2022 во 11:02

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 12 ковид пациенти од кои седум се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и двајца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примен е еден пациент на болничко лекување.

-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат девет и на Интерно одделение тројца пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќилумова, портпаролка на велешка болница.

На кислородна поддршка се шест пациенти.

На двете одделенија во велешка болница има вкупно 41 слободен кревет.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.