Во велешка болница осум ковид пациенти на кислородна поддршка

Објавено на 15 март, 2022 во 13:00

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 13 ковид пациенти од кои двајца се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-На Инфективно одделение се лекуваат шест пациенти и на Интерно Б одделение седум пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.

На кислородна поддршка се осум пациенти.

Во изминатите 24 часа примен е еден пациент на болничко лекување.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.