Во велешка болница се лекуваат 23 ковид пациенти
Објавено на 4 јануари, 2022 во 09:39

Во изминатите 24 часа вкупно 23 ковид пациенти се лекуваат во ЈЗУ Општа болница Велес од кои 13 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и седум пациенти се со негативен тест но имаат потреба од болничко лекување.
-Во изминатот деноноќие испишани пациенти нема, додека еден пациент е примен на лекување. Од болничките пациенти 12 имаат потреба од кислородна поддршка, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На Инфективно одделение се лекуваат 16 ковид пациенти и на Интерно Б одделение седум пациенти.
Стефани Манева
