Во велешка болница тројца ковид пациенти на кислородна поддршка
Објавено на 7 април, 2022 во 14:04
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани девет ковид пациенти од кои четворица се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и тројца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно се лекуваат пет и на Интерно одделение четворица пациенти. Еден пациент позитивен е префрлен од Интерно на Инфективно одделение, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
На кислородна поддршка се тројца пациенти.
Во изминатите 24 часа еден пациент е испишан од болничко лекување како оздравен.
Стефани Манева