Во Виничани,маж прегази маж кој почина од здобиените повреди

Објавено на 20 јули, 2023 во 09:54

Дваесет и пет годишниот С.К од село Виничани, вчера, со патничко возило “фиат панда” удрил во четириесет и три годишниот А.Ц. од истото село. Од ударот на автомобилот А.Ц се здобил со тешки повреди. Тешко повредениот А.Ц починал во Општа болница Велес. Смрт констатирал лекар во велешка болница.

Ударот со автомобил С.К го сторил откако А.Ц имал вербална расправија со неговиот татко. С.К по ударот со автомобилот на А.Ц избегал од местото на настанот. Набрзо бил пронајден, лишен од слобода и приведен.

„По целосно документирање на случајот против С.К. ќе следи соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.