Волонтери од Црвен крст делат вода на граѓани низ улиците во Велес

Објавено на 22 јули, 2022 во 15:03
Фото: Делење вода низ велешките улици

Шест волонтери поделени во три групи, поточно по двјаца на ден, ќе делат вода на граѓани коишто се излезени да ги завршат своите обврски и покрај високите температури од над 40 степени целзиусови. Тие со автомобил, од денеска па се до недела, ќе патролираат низ повеќе локации во градот со цел да сретнат поголем број на граѓани којшто се излезени од своите домови.

Фото: Орце Николов секретар во велешкиот Црвен крст

-Нашите волонтери од Општинска организација на РСМ – Црвен крст Велес, од денеска па се до недела, од 12:00 часот на поручек до 17:00 часот, на секој еден час, со автомобил ќе патролираат низ велешките улици и ќе делат вода на граѓаните коишто на овие пеколни температури се излезени од своите домови. Одлучивме водата да ја делиме на повеќе локации коишто ќе ги посетуваме со автомобил бидејќи во овие топли денови, кога е најавена портокалова фаза, граѓаните многу почесто ги наоѓаме на автобуските постојки или по клупи на одредени локации. Нашите волонтери овие три дена ќе се поделат во три групи и секоја група, еден ден, ќе патролира низ улиците, рече Орце Николов секретар на велешки Црвен Крст.

Топлиот бран со високите температури се очекува да заврши во недела, но од велешкиот Црвен крст велат дека доколку има дополнително потреба, волонтерите ќе излезат на терен и во текот на следната недела.

Оваа акција е една од повеќето преку која велешкиот Црвен крст ја покажува хуманоста и грижата за своите граѓани.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.