Втора крводарителска акција оваа сабота во Градско
Објавено: 9 август, 2022, во 13:15 часот
Општинска организација на Црвен крст Велес ги поканува сите заинтересирани грѓани од општина Градско коишто имаат желба да даруваат од својата црвена течност со цел да спасат човечки живот да земат учество на втората крводарителска акција.
Истата ќе се одржи оваа сабота, 13 август, во просториите на Дом на култура со почеток од 09:00 часот и ќе трае цели пет часа, поточно до 14:00 часот.
Крводарителството е врвен чин на хуманост. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот.
Стефани Манева


