За 24 часа физички нападнати две жени и еден малолетник
Секторот за внтарешни работи Велес евидентира три физички напади во изминатото деноноќие или по еден во Велес, Демир Капија и Кавадарци.
Во Полициската станица Велес физички напад пријавила педесет годишна жена од Велес. Нападот се случил по кратка расправија, во семејниот дом, од страна на нејзиниот вонбврачен партнер Т.А.
Во Демир Капија вчера, рано утро, во 05:20 часот, полициски службеници од тамошната полициската канцеларија го лишиле од слобода педесет и четири годишниот демиркапиец К.С. затоа што претходно, по кратка расправија, во семејната куќа физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето било приведено во полициска станица.
Мајка на малолетен син го пријавила третиот физички напад во Полициска станица Кавадарци. Според пријавата на четириесет годишната Е.Б. од Кавадарци нападот се случил во училишен двор во градот кога малолетникот бил нападнат од едно лице.
Од СВР Велес информираат дека работат на расчистување на случајот.
Убавка Јаневска